Како да станете отпорни на промените на времето?

236

Постојат голем број на луѓе кои реагираат на промени во температурата, влажноста и воздушниот притисок. Проблемите се различни, од депресија, вознемиреност и раздразливост, влошување на болката во мускулите, влошување на мигрената и срцевиот ритам или промени во крвниот притисок. Експертите велат во вакви услови потребно е пиење на многу вода. Советуваат ако страдате од главоболки , избегнувајте прекумерно солена храна , тешко сирење и чоколада , кои може состојбата да ја направат уште полоша. Луѓето кои имаат проблеми со висок крвен притисок , најдобар избор е лецитин ( темно чоколадо , јајца, лиснат зеленчук ), и се препорачува ниско-масни млечни производи. За болки во зглобовите брокула, карфиол и зелка. Астматичарите најлошо поминуваат во пролет и есен , бидејќи тогаш се зголемува бројот на напади. Експертите советуваат да консумираат храна богата со цинк и витамин А за зајакнување на мукозните мембрани , односно да јадат црн дроб , јајца , месо, зелен лиснат зеленчук , моркови и овошје. Во време на грип да јаз емаат неопходната терапија и да ја зголемат дозата на лекови за проширување на дишните патишта , и ако тоа не помогне, треба да се јават кај матичниот лекар. Во есен најмногу има чир на желудник. Луѓето со чир треба да се прилагодат на исхраната да го намалат пушењето и консумирањето на ладни пијалоци ( да пијат само топло) , не многу солена и кисела храна. Поради овие грешки се појавуваат симптомите на чир и гастритис. Срцевите болни треба да продолжат со земање на потребните лекови, да пијат многу течности и да јадат лесна храна .

Исто така, луѓето кои страдаат од хронични болести редовно да ги земаат пропишаните лекови а заедно со метеопатите редовно да ја следат биопрогнозата за да бидат подготвени.

Точно е според експертите дека болките во зглобовите најавуваат дожд. Дождот и грмотевиците носат олеснување , не само затоа што го покриваат неподносливиот притисок по циклонот туку затоа што воздухот е полн со негативно наелектризирани јони. Тие го чистат воздухот и го подобруваат расположението. Некои може да го предвидат дождливото време и бури со болка во зглобовите. Зголемување на притисокот на воздухот влијае на течноста во зглобовите, и зголемување на притисокот на воздухот го зголемува и притисокот на зглобовите , предизвикувајќи болка. Ова често се случува во есен.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.