Како да спиете кога е многу топло времето?

Метеоролозите прогнозираат високи температури за следниот период. Поради високите дневни температури топло е и во вечерните часови. Многумина ги мачи несоница – како да се спие кога е многу топло.

Природно, температурата на телото паѓа за еден степен кога сме во сон, но кога температурите се многу високи телото не може да се лади. Иако многумина мислат дека кога е топло е најдобро да се спие гол,препорачливо е да носат лесна свилена или памучна пижама со која полесно се регулира телесната температура. Телото ослободува топлина преку кожата на нозете, рацете и лицето, но ако дозволите неконтролирано губење на топлината може да се разбудите смрзнати насред ноќ. Прекривката за покривање нека биде од природни материјали а може да пробате и спиење со раширени раце и нозе. Ако и тоа не помага и се разбудите испотени одете во купатило и ставете ги зглобовите под ладна вода..Во текот на денот ролетните и завесите во спалната соба да бидат спуштени. Не се препорачува спиење со вклучен клима уред. Експерти препорачуваат порано станување и излегување на сонце. На тој начин ќе се изморите и навечер многу полесно ќе заспиете. Да се избегнува вежбање по 6 часот попладне бидејќи на тој начин се зголемува температурата на телото. Добро е туширање пред спиење и тоа со поладна вода и избегнување на кофеин во доцните часови.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.