Како да си помогнете за отечени глуждови?

Неколку природни методи кои можат да ви помогнат

Отокот на нозете и глуждовите е проблем од кој страдаме не само во летните месеци, кога е топло. Недоволниот внес на вода и здрави течности, неправилната исхрана, имобилизацијата, бременоста, прекумерната тежина, се само дел од причините за нозете ви да отекуваат. Споделуваме неколку природни методи кои можат да ви помогнат.

Пробајте со магнезиумска исхрана
Недостатокот на магнезиум може да придонесе за формирање на едем во екстремитетите. Размислете дали да го придружите дневниот режим и исхраната збогатена со магнезиум. Специјалистите препорачуваат на ден да се зема по 350 мг магнезиум. Ако сте бремена, овој прием треба да биде благо зголемен, но добро е да се консултирате со матичниот лекар.

Јога
Вежбите можат да ви помогнат да ја подобрите циркулацијата. Ако не сте љубител на салите за гимнастика и фитнес, пробајте со јога. Ова е одлична практика од вежби, која може да помогне на циркулаторниот систем.

Топла бања
Знаеме дека облогите на нозете со млака или ладна вода може да помогне во намалување на отокот. Топлата бања исто така има корисен ефект. За да се извлече максимална корист од неа, додавајте кон водата и неколку капки етерично масло од грејпфрут.
Ако немате када, направете си микс од масло од грејпфрут со бадемово масло или малку маслиново масло и масирајте ги нозете. Важно е кога правите масажа, движењата да бидат од глуждовите нагоре, а не во спротивна насока.

Пливање
Пливањето има голем број здравствени придобивки и е една од физичките активности, која може да ви помогне да го намалите отокот на нозете. Кога пливате, циркулаторниот систем си “почива” од постојаната гравитација и тоа помага за регулирање на отокот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.