Како да си олесниме кога синусите се воспалени

494

Воспалените синуси знаат да бидат многу болни и неподносливи. Главните симптоми на синузитис се : главоболка, бистар секрет од носот,  жoлтозелен секрет, течење од носот кон грлото (карактеристичен за хроничниот синузитис), лош здив од устата, болка во областа на синусите, затнат нос, намалено сетило за мирис, забоболка – особено во горна вилица, под максиларните синуси, покачена температура.

Еве неколку начини како да си олесните:

1. Влажноста на воздухот во домот е важна при лекување на синусите, особено ако воздухот во собата е сув, што обично се случува во становите со централно греење. Најдобро е да поставите едно тенџерче со однапред сварен чај, на пример од камилица. Поставете го тенџерчето на едниот крај од собата и ќе почувствувате олеснување.

2. Инхалацијата секогаш ќе ви помогне при воспаление на синусите. Земете едно тенџерче со веќе зовриена вода и наведнете се над него со пешкир на главата. Додајте неколку капки етерично масло од еукалиптус или изрендајте рен и дишете од пареата колку што можете подолго.

3. Во текот на денот најдобро е да пиете јаболков оцет измешан во голема чаша вода. Овој вид на оцет ќе ви помогне при разредување на слузницата и дишењето ќе ви се одвива олеснително.

4. Плакнењето на синусите помага во одржување на здравјето на назалните канали и ги штити од загадувања, полен, прашина и други иритирачки супстанции кои ги има во воздухот. Сѐ што ви е потребно е да растворите морска сол со вода.

5. Облозите од рен ги олеснуваат тешкотиите: Во шише од 0.5 l додајте изрендан рен, па до врвот дополнете го со вински оцет. Затворете го шишето и држете го на топло 10 дена и редовно мешајте го. Пред спиење, ставете од течноста на чиста ткаенина и држете ја на челото во текот на ноќта. Терапијата трае 5 дена.

6. Вежбањето е одлично за лекување на воспаленија кај синусите. Во текот на вежбањето, се ослободува адреналин, кој ги притиска крвните садови, со што се намалуваат отоците во синусите.


За терапиите да бидат успешни, треба да ги избегнувате следниве работи:

– Избегнувајте дим од цигари и задимени простории.

– Избегнувајте консумирање алкохолни пијалаци.

– Хлорот во базените може да ја иритира слузницата на носот и синусите, па затоа капењето во базен не се препорачува на личности кои се склони кон заболувања и воспаленија на синуси.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.