Како да се справите со лошата миризба на сапалата?

226

Грижата за стапалата е важна во текот на годината, особено летниот период. Многу луѓе мака мачат со непријатна миризба предизвикана од прекумерно потење на стапалата. За среќа, овие проблеми се решливи. најважно е кои се причините за тоа а потоа да ги научат и начините на отстранување на проблемот.

-Како прво, видот на чорапи? Дали знаете дека секоја нога има над 250.000 потни жлезди? Сама по себе, потта не мириса, но тоа создава почва за бактерии кои лесно се шират и предизвикуваат мирис. Некои материјали може да придонесат за прекумерно потење што не дозволува “дишење” на ногата. Затоа лекарите советуваат да се носат памучни чорапи и да се избегнуваат оние направени од вештачки материјали, како што полиестер или најлон.

-Видот на чевли? Иако гола нога значи помалку потење поради чорапите, од друга страна, тоа може да значи повеќе пот поради материјалот од кој се направени чевлите. Оние направени од антилоп или пластичен материјал задржуваат повеќе влага, што значи дека бактериите лесно се шират и прават поголема влага и лош мирис. Ако носите сандали или затворени чевли без чорапи, внатрешноста испрскајте ја со дезодоранс или детска пудра.

– Одржување на нозете чисти и суви. Најдобра мерка за да се спречи лошиот мирис е добра хигиена. Користете антибактериски сапун за темелно чистење на нозете и тоа секојдневно. По туширање, со крпа добро исушете ги нозете особено делот меѓу прстите каде најчесто поради влагата се создаваат бактериите. Редовно правете пилинг за отстранување на мртвата кожа а по турпијање на петата задолжително хидратантен лосион.

-Нега на природен начин. Ако сакате да се ослободите од лошата миризба во поголем сад се меша оцет и вода во сооднос од 2:1 и неколку минути се ставаат нозете со цел да се елиминира смрдеата. Исто така, секој ден можете да уживате во купка за стапала направена од јак црн чај. прво да се излади а потоа потопете ги стапалата половина час. Танинот во чајот ќе ги елиминира бактериите и ќе ги затвори порите на стапалата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.