Како да се спасите од кандидата?
Најчеста инфекција кај прекумерното размножување на лошите соеви на габички е онаа предизвикана од кандидата. Таа ги напаѓа ноктите и кожата, а страдаат и оралната, вагиналната, уринарната и аналната слузница. Исто така, може да ги нападнe и белите дробови и бронхиите.
Најчестите сиптоми ја вклучуваат силната желба за слатко (бидејќи со тоа габичките се хранат), грдиот здив, белите наслаги на јазикот, подуеноста и гасовите (особено по јадењето), честите настинки и алергии, сувата слузница, лошата циркулација, хемороидите, запекот или проливот и вагиналната инфекција.
Како да се борите со кандидата?
-Можете да ја изгладнете габичката со скратување на храната со помош на диета.
-До крај е можно да ја уништите со антифунгални (антигабични) препарати.
-Потребно е повторно да изградите здрава цревна флора со помош на храна богата со пробиотички бактерии.
-Супата од коски е голем сојузник во борбата со кандида.
-Да го зајакнете имунитетот.
Најчесто се препорачува диета која ги исклучува белото брашно и шеќерот, но содржи брашно од цели житарки и ориз. За жал, таа диета не е делотворна, бидејќи сите житарки се состојат од скроб кој е, всушност, чиста гликоза.