Како да се расоните без да пиете кафе

148

 

Туширање

Најбрзиот начин за наутро да се разбудите е да одите под туш и да го завршите туширањето со малку постудена вода. Можеби тоа ви звучи како лоша идеја, но ако се истуширате со топла вода ќе се чувствувате поопуштено. Од друга страна, ако постепено пуштате постудена вода, полесно ќе се разбудите.

Паметно изберете го појадокот

Со други зборови избегнувајте јаглени хидрати за утринскиот оброк. Ако наутро внесете премногу јаглени хидрати, за неколку часа ќе почувствувате пад на енергијата. Наместо тоа, обидете се за појадок да јадете јајца, зеленчук, овошје, наместо печива, житарки и слични производи.

Будете се во исто време

Ако распоредот на обврските ви варира во текот на неделата, вашиот организам постојано се труди да се прилагоди. Размислете за вашиот распоред и одлучете кое време ви одговара за станување и будете се секој ден во исто време. Така организмот полесно ќе се навикне на распоредот, па ќе ви биде полесно да станете наутро.

Вежбајте

Неколку вежби наутро, не мора тоа да биде напорен тренинг. Сигурно ќе се разбудите веднаш.

Дајте си време

Ако имате утрински бизнис состанок, разговор за работа, испит… Дајте си доволно време да се разбудите. Ако спиете најдолго што можете, на состанокот ќе стасате зашеметени од сонот.

Излезете на воздух

Изложеноста на телото на природното светло го известува вашиот внатрешен сон дека е време за будење, многу подобро отколку што тоа ќе го направи вештачката светлост.

Стимулирајте го мозокот

Кога ќе се разбудите, обидете се да решите некоја задача, смислувајте решение за одреден проблем… Така на мозокот ќе му пратите сигнал дека е време за будење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.