Како да се ослободите од салото на грбот?

Зајакнете го вашиот кардио тренинг

Доколку сериозно сакате да го отстраните салото од грбот тогаш морате и добро да се испотите. Кардио тренинзите, како трчање или скокање на јаже успешно ќе ви помогнат во вашите напори. Само имајте на ум дека треба да потрошите минимум 60 минути, 4 пати во седмицата на кардио вежби за да го истопите салото и да го затегнете телото.

Работете на тонирање на мускулите

Правете таргетирани вежби кои ќе ви помогнат да ги обликувате грбните мускули и со самото тоа елиминирајте го салото. Стомачни и грбни вежби, вежби со трака како и склекови се одлични за тонирање на мускулите на грбот.

Јадете правилно

Нискокалоричната диета сигурно ќе помогне да ги стопите вишокот масти на целото тело. За жал, не може да се одреди каде прво ќе почнат да се топат мастите, но затоа може да одберете диета богата со немасни протеини, што ќе помогне во изградбата на мускулна маса. Силните мускули на грбот помагаат во подобрување на држењето, а исправеното држење ќе направи визуелно да изгледате послаби.

Внимавајте прслукот кој го носите да биде во големина која ви одговара

Многу е важно да носите точен прслук. Доколку се случи да носите помал број или лош модел, тоа исто така може да резултира со создавање на сало на вашиот грб.

Извор мама365.мк

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.