Како да се избегне дебелината кај децата?

Вишокот килограми преовладуваат во предучилишната возраст

Според статистичките податоци, од година во година има се повеќе дебели деца, а дополнително загрижува што вишокот килограми преовладуваат во предучилишната возраст поради полесен пристап до “брза храна”.

За да не би биле дебели кога ќе пораснат, децата мора да го променат начинот на исхрана во раната возраст. Би требало најнапред да се исфрлат од употреба “вештачките” сокови и пијалоци, и да се преориентираат на вода и природни сокови, без многу шеќери. Масната, калорична храна заменете ја со овошје и зеленчук, а месото подобро испечете го.

Најдобро би било грицки воопшто да не јадат, а ако веќе мораат, нека тоа биде домашен чипс, од компири печени во рерна или суво овошје. Наместо готвени јадења, сервирајте им свежи зготвени оброци.

Внесувањето на јајца би требало да се ограничи на пет неделно, а пожелно е да се намалат и масните сирења, кајмак и висококалоричното јаткасто овошје и семки.

Би требало почесто да јадат со семејството, бидејќи бавно ќе голтаат и ќе научат да уживаат во оброкот. Прилагодете ги оброците по возраст и физичка активност и трудете се да избегнуваат да јадат пред телевизор или компјутер.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.