Како да разликувате пријателство од флерт!

Прочитајте ги овие 5 јасни сигнали, кои ќе ви помогнат да разликувате пријателство од флерт и истите може да ве спасат од непријатни ситуации.

Споменување на партнерот

Ако веднаш сакате да спречите да не ве доживуваат како партнерка за романтична врска и да поставите граница, во првиот разговор со нова личност споменете го својот дечко или партнерот.

Групно дружење

Кога сакате да запознаете некој на платонски начин, договарајте групни средби и дружби на почетокот. Дури откако ги утврдите границите на пријателството, можете да почнете да се договарате за дружење само помеѓу вас двајцата, но и тогаш избегнувајте активности како на пример, романтична вечера, која би можела да се смета за дејт.

Не третирајте маж за пријател

Кога сакате да му упатите комплимент на маж, направете го тоа дискретно, особено ако се сомневате дека тој се интересира за вас. Внимавајте кога им давате комплименти на мажите, направете го тоа на тој начин што тие ќе се чувствуваат самоуверено во своја кожа, а не како да ги меркате.

Без допирање

Допирот е исклучително моќен заводнички алат. Дури и ако имате навика често да ги допирате другите, воздржете се од допирање на лицата од спротивен пол. Пријателски гест е прегратка за добра ноќ, но избегнувајте го стискањето на колената и рамењата или пак фаќањето за раце.

Искажете се

Природата на машко женските односи, е таква што во секоја платонска врска доаѓа до момент кога едно или две лица се прашуваат дали може да се роди нешто повеќе. Наместо избегнување и молчење, вие одлучете се за расчистување на ситуацијата. Признајте ѝ на другата личност, што ви лежи на душа и така избегнете ги сите евентуални незгодни ситуации.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.