Како да проверите дали сте алкохоличар?

Неодамнешно истражување на научници од Универзитетот во Лестер, покажува дека со само две едноставни прашања може да се открие дали некое лице има проблеми со алкохолот.

Првото прашање што треба да си го постават самите или на друго лице е  колку често пиете шест или повеќе пијалоци?

Ако често консумирате повеќе од шест пијалаци, треба да бидете загрижени.

Второто прашање е: Како резултат на консумирање на алкохол или користење дрога, дали изминатата година се случило нешто за кое жалите?

Со овие две прашања точно се идентификува проблем со алкохолот кај 87,2 отсто од случаите, но, исто така, кај 79,8 отсто точно се идентификува и кога едно лице нема проблем со алкохол. во 79,8 отсто од случаите.

Поради тоа, научниците сугерираат дека лекарите треба да ги користат овие прашања за да дознаат дали нивните пациенти се алкохоличари.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.