Како да препознаете психопат?

1. Луѓето од овој тип ги извртуваат фактите во нивна корист, лажат, одбегнуваат преземање одговорност, ја негираат реалноста, измислуваат приказни и не кажуваат речиси ништо за себе.

2. Тие се експерти за залажување на другите луѓе со нивната слаткоречивост. Меѓутоа, ако убаво ги погледнете нивните достигнувања, ќе видите дека овие луѓе никогаш не се вложуваат себе во својот раст и развој. Нивниот живот е илузија, а душевна храна им е болката на другите луѓе.

3. Психопатите секогаш имаат потреба да ги контролираат другите и самите си се највисок авторитет. Секогаш отфрлаат повратни информации и конструктивна критика, сами ги прават правилата по кои живеат и не се водат по никакви морални норми.

4. Често играат на симпатиите на добродушните луѓе, со цел да ги измамат на каков било начин. Бараат сомилост, а не ја пружаат. Бараат топлина, простување и интимност од личноста која ја повредиле, без никаква емпатија кон жртвата за болката што ѝ ја предизвикале. Немаат вистински намери да го поправат она што го направиле или да се обидат да ја вратат изгубената доверба.

5. Психопатите немаат совест и не знаат што е каење. Дури и немаат намера да се обидат да се борат против нивните негативни особини, туку напротив, уживаат во нив, затскриени зад маската на благороден карактер.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.