Како да препознаете ГМО храна?

1. Ознаката на декларацијата 

Органските производи се посебно означени. Побарајте производи со ознака „100% органско“, „органско“ или „произведено од органски состојки“ (made with organic ingredients). Само тие гарантираат дека во производот нема ни трага од генетски модифицирани соединенија.

Обрнете внимание на декларациите на кои пишува „GMO- free“, „Non-GMO“ или  „произведено без генетски модифицирани соединенија“ (made without  genetically modified ingredients). Ваквите производи всушност можат да содржат ГМО, но под  0,9 проценти.

2. Обрнете внимание на изгледот на производот

ГМО-храната изгледа совршено. Со правилна форма, цело овошје или зеленчук е со иста величина, а рокот на траење е значително подолг во однос на другата храна, затоа што додадените гени му обезбедуваат отпорност на негативните надворешни влијанија. На пример, генот на бацилот Bacillus thuringiensis кој се додава во ГМО храната произведува токсин кој ги одбива штетниците. Затоа, кога ќе забележите дека инсектите го допираат овошјето или зеленчукот, треба да знаете дека истите најверојатно се со органско потекло.

3. ГМО доминира во овие производи

Се верува дека 78 % од сојата, 33 % од пченката и 24 % од маслената репка во светот се генетски модифицирани. Освен овие продукти, некои производители додаваат гени и во производите од месо, месните преработки, млечните производи, полуготовите и готовите јадења, мешавините од брашно, инстант-оброците, слатките пијалаци, сирупите…

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.