Како да препознаете дека сте претерале со кафе!
Срцето ви е во петта брзина
Ако ви лупа срцето и прескокнува откако сте се напиле кафе, постои голема веројатност за тоа да е крив токму кофеинот. Некои луѓе се чувствителни и на помала количина кофеин.
Се чувствувате немирно и анксиозно
Можеби тоа го предизвикало утринското кафе. Некои луѓе се многу чувствителни на кофеин и почнуваат да чувствуваат немир, раздразнетост и анксиозност и по една шолја кафе со кофеин. На некои им смета дури и бескофеинското кафе.
Не можете да заспиете
Ова е причина зошто луѓето пијат кафе додека се уморни. Кофеинот го подига нивото на адреналин, па можете да се чувствувате поенергични и да не ви се спие. Тоа особено може да помогне во понеделник наутро кога ви треба екстра енергија.
Чувствувате глад
Некои луѓе се трудат со помош на кофеинот да го намалат апетитот, но пиењето кафе всушност може да има спротвен ефект. Кофеинот ја зголемува работата на хормонот кој пак, го зголемува чувството на глад.
Мислите дека не можете без кафе
Доколку помислата да се откажете од своето утринско кафе кај вас предизвикува благ напад на паника, тоа не е знак дека сте зависни? Сепак, не се трудете да пресечете нагло, обидете се да го намалувате внесувањето на кафе постепено, малку по малку, инаку може да ве изненади силен умор и главоболка.