Како да препознаете дали имате Ковид или грип

60

Симптомите на коронавирус и грип се слични, но лекарите велат дека една важна работа ги разликува.

За проблемот да биде уште поголем во моментов е сезона на грип и настинки. Луѓето кои имаат барем некакви симптоми на почетоот не се сигурни дали се заразиле со коронавирус, грип или се само настинати.

Д-р Радмила Шехиќ, специјалист по општа медицина во Заводот за итна медицинска помош, за Курир.рс рекла дека на прв поглед е многу тешко да се разликуваат симптомите на грип и корона.

-За омикрон сега знаеме дека е многу поблаг од првиот сој коронавирус кој нѐ нападна, а тогаш беше целосно непознат. Омикрон е инвазивен, лесно се пренесува, но не е до таа мера смртоносен – вели д-р Шехиќ и додава:

-Вирусот – грипот со тек на времето мутираше, но благодарение на вацините остана како сезонско заболувње па е сведен на прилично блага форма. Разликата меѓу него и коронавирусот е тоа што кај короната симптоматологијата е поизразена. Според нејзе вирусот корона не го напаѓа само респираторниот систем, туу предизвиува и заболувања и напад на виталните органи и ткива.

-Грипот и ковидот се разликуваат по интензивните тегоби. Голем замор, малаксаност, температура, главобола, вртоглавица, болки во мускулите по јачина поизразени кај ковид инфецијата. Воспалението на белите дробови настанува побрзо. Лечењето е исто, само што терапијата се проширува кон останатите нападнати органи, вели д-р Шехиќ.

Грипот има кратка инкубација, главно 24 до 48 часа, а короната обично од 5 до 7 дена, иако може да се случи и 14 дена, а во некои случаи и подолго.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.