Како да помогнете ако некој има топлотен удар или грч?

Ако чувствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и
главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место колку што е можно
побрзo измерете ја својата телесна температура.

Веднаш напиjте се вода или негазиран минарален пијалак за да се рехидрирате.
Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо
одморете се на студено место и напијте се течност која содржи електролити. Лекарска
помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
Консултирате се со свјот доктор, доколку почуствувате невообичаени симптоми или ако
симптомите траат подолго време!
Ако некој член на Вaшето смејество или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е
во бессознание, веднаш повикајте 194! Додека се чека итната медицинска помош префлете
го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и
колковите; отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени
облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода;
Мерете ја телесната температура. Не давајте терапија; Ако лицето е во бессознание, не
треба да лежи на грб, свртете го на страна.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.