Како да ослабите после бременоста?
Не почнувајте строга диета
Иако може да почувствувате итност за намалување на телесната тежина за да се вратите во формата пред бременоста, диетата не е секогаш најдобра идеја, особено веднаш по породувањето. Телото мора да ја има потребната исхрана за да се одржи без стрес додека сеуште доите. Затоа фокусот треба да биде исклучително на урамнотежената исхрана -наместо целосно да го прескокнете оброкот, треба да се насочите кон здрави и помали оброци кои се основаат на зеленчук и овошје. Од закуските, внесете ги во исхраната јаболката и пченичните крекери. Јадете кога сте гладни, по малку и здраво, за да му дадете на телото време за да се адаптира самото на природниот процес на губење на тежината по бременоста.
Доење
Широко е прифатено дека доењето помага при губењето на тежината по породувањето. Обидете се и држете се исклучиво за доењето колку што е можно подолго. Покрај тоа што е добро за мајката, таа исто, доењето помага во менталниот и физичкиот развој на бебето.
Повеќе вода
Конзумирањето доволно вода е сега поважно од кога и да било претходно, за да ја одржи мајката здрава и телото да функционира без проблеми. Да не заборавиме и дека водата ни помага да ја намалиме „нездравата“ желба за храна.
Бидете активни
Полека вклучете го вежбањето во дневниот ритуал. Најпрво, настојувајте да имате 150 минути физичка активност неделно. Практикувајте полесни вежби. Дури и брзо одење со бебето е доволно за забрзување на циркулацијата и метаболизмот и да се зајакнат мускулите и коските. Да не зборувиме дека на ваков начин се ослободуваме и од евентуална депресија, стрес и проблеми со спиењето.
Одмарање
Добар сон во текот на ноќта изгледа неверојатна мисија во овој период од животот кога се грижите за бебенце. Но одморот е многу важен, зашто доколку не сте одморени повеќе сте склони на стрес, а познато е дека стресот не е пријател на губењето на килограмите, туку напротив. Што почесто дремнувајте во текот на денот, поточно секогаш кога вашето бебенце ќе заспие.