Како да ја негувате кожата во есен?

179

1. Лесните серуми што ги користевте во текот на летото заменете ги со побогати, хранливи хидратантни креми за лице. Кога ќе паднат температурите и времето ќе стане ветровито и влажно, на кожата ѝ треба дополнителна нега.

2. Скратете го времето на туширање. Ако предолго се задржувате под врел туш или во када со топла вода, тоа може да ја исуши кожата. Дерматолозите препорачуваат да го ограничите времето под топол туш на 10 минути.

3. Не ги заборавајте производите со УВ заштита. УВ зрачењето може да биде високо и кога времето е облачно, па најпаметно е да изберете богата дневна крема што ито така веќе соржи УВ заштита.

4. Не правете пилинг почесто од еднаш неделно. За да не ја исушите кожата, еден темелен пилинг неделно е сосема доволен за да го отстраните слојот мрви клетки.

5. Не ги заборавајте дланките. Ладниот водух и ветрот веднаш ќе остават траги на најизложениот дел од телото: дланките. Затоа снабдете се со ве квалитетни креми за раце: една за употреба преку ден, особено пред да излезете надвор и по миење раце и уште една за навечер, помрсна, што може да ја користите како пакување, во комбинација со ракавици.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.