Како да изберете добар доктор?
Посета кај емпатичен доктор значително може да ја намали вашата свест за болката, тврди најнова студија објавена во списанието „Едукација и советување на пациенти“.
Претходните истражувања покажале дека пациентите со емпатичен лекар (оној кој сочувствува со нивната состојба) имаат подобро здравје, меѓутоа како да се избере вистинскиот. Еве неколку работи кои би требало да ги барате кај докторот:
– Не брза
Брзината не секогаш значи и подобро. Потребно е време да се сослуша пациентот, да се донесе дијагноза и да се одреди вистинскиот третман, а неколку минути што ќе ви ги посвети лекарот не се секогаш доволни.
Доколку имате впечаток дека вашиот лекар брза за да вашиот преглед се заврши побрзо, најдобро би било да пробате да пронајдете друг лекар.
– Одморен е
Премалку сон може сериозно да влијае на способноста на донесување одлуки.
Доколку вашиот лекар има подочници, или константно се проѕева, можеби е вистинскиот момент да ја промените личноста која се грижи за вашето здравје.
– Не ве осудува и не ги отфрлува вашите грижи
Би требало да бидете во состојба со лекарот да зборувате за сите аспекти на вашиот живот кои можат да влијаат на вашето здравје без грижа дека тој ќе ве осудува поради одделни животни избори.
– Професионален е
Иако е добро да се има лекар кој е пријателски настроен, премногу зборлив или наметлив доктор не би требало да биде она што го сакате.