Како да избегнете здравствени проблеми на летниот одмор?

221

Промената на местоположбата и престојот на море во далечни земји со себе носи вируси и бактерии на кои телото не е подготвено. Влијание има и сонцето, алкохолот и брзата храна кои му пречат на имунолошкиот систем.  Експертите советуваат дека превенцијата е најважна.

стомачни проблеми

Летниот одмор, промената на исхраната и промената на физичката активност, може да влијае на дигестивниот систем. Експертите советуваат дека неколку дена пред летниот одмор и за време на летувањето да се пијат пробиотици кои спречуваат дијареа и опстипација. Пробиотиците го подобруваат нивото на добрите бактерии и ги елиминираат лошите бактерии.

мигрена

Топлината, прескокнувањето на оброци, несоодветна доза на течности и малку спиење може да биде причина за мигрена (да не зборуваме алкохол и кофеин). Промената на секојдневието со патување во друга земја з аоние кои патат од мигрена летниот одмор може да биде вистински пекол.

Експертите советуваат дека треба да го задржат истиот начин на живот – станување во исто време како и порано, пиење 2 до 3 литри течност на ден за спречување на дехидратација. Исто така, на плажа задолжително покривање на главата со бела капа против сончаница. Во вечерните часови не треба да се претерува со пијалоците бидејќи мамурлакот е само вовед во мигрената. Секако во торбата мора да се носат и лековите кои ги пиете против мигрена.

Настинка и грип

Неодамнешни истражувања покажале дека вирусот 100 пати повеќе се шири во авион. Дополнителен проблем е и стресот пред патување кој уште повеќе го ослабнува имунолошкиот систем.Најдобра превенција е често миење на особено за време на патување, консумирање витамини Б, Ц, омега-3 масла и пробиотици – на тој начин се зајакнува имунолошкиот систем.

Гадење при патување

Многу луѓе страдаат од гадење за време на патувањето, особено кога патуваат со авион, брод или автобус. Гадењето настанува кога  мозокот добива сигнал дека телото е постојано во движење и бара рамнотежа. Бидејќи мозокот тешко го следи движењето на телото , настанува вртоглавица и гадење.

Освен иење на апче против повраќање најдобар начин е седење во средина во авионот  или во автобус, бидејќи тие делови најмалку се “трускаат. Друг начин е гледање во далечина или слушање на музика.

Убоди од инсекти

Високите температури во морето се погодни за комарци.

Истражувачи откриле дека постојат неколку фактори кои ги тераат комарците да се  “лепат” за нас, а тоа вклучува потење, алкохол во крвта и бременоста. Најдоброто нешто што можете да направите е да купите средство против комарци.

Исто така се препорачува со облека да бидат покриени нозете, особено на глуждовите и рацете – омилената дестинација за комарци.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.