Како да го заштитите здравјето на очите!

166

Морковот го изгуби првото место како главен заштитник на здравјето на очите. Според последните истражувања приматот го добија продсуктите богати со витамин Ц, цинк и омега-3 масни киселини. Но најважно, велат експертите е носење на квалитетни наочари за сонце. Изложување на сонце со текот на времето може значително да го зголеми ризикот од катаракта и макуларна дегенерација, која е една од водечките причини за слепило. Затоа во консултација со офталмолозите, препорачливо е носење на наочари за сонце во текот на цела година. Тие истакнуваат дека потемните и поскапи модели не значи дека се и најдобри. Најважно е наочарите да обезбедат 99 отсто УВА и УВБ заштита, велат од Американската академија за офталмологија. Советуваат ако носите контактни леќи, да изберете од оние со UV заштита.

А како на друг начин да ги заштитите очите – Ако сте долго на компјутер, гледате телевизија или пишувате пораки на вашиот мобилен телефон, на секои 20 минути оддалечете се од екранот и фокусирајте се на нешто друго.
Доколку имате главоболки и не ги гледате добро ситните букви – време е за посета на офталмолог. Дури и болка во вратот може да биде знак дека е време да одите на лекар бидејќи поради постојаното фокусирање вратот е под постојан притисок.

Витаминот Ц е антиоксиданс кој ги штити очите од штетните УВ зраци. За телото да ја добие препорачаната дневна доза од 200 mg на витамин Ц дневно, јадете повеќе цитрус и овошје и зеленчук што е богато со овој витамин, како што портокали, јагоди, брокула …

Омега-3 масни киселини, особено лосос и туна, го намалуваат ризикот од катаракта и макуларна дегенерација. Храна богата со омега-3 масни киселини треба да се јаде најмалку два пати неделно.

Недостаток на цинк може да предизвика ноќно слепило, катаракта и макуларна дегенерација. За да ги заштитите очите јадете посно црвено месо, пилешко и ореви, кои се добар извор на цинк.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.