Како да го вртите мажот околу малиот прст?!

Ми вети дека ќе го направиш тоа!

Доколку навистина сте ветиле дека ќе направите нешто или барем сте спомнале , верувајте дека жената никогаш нема да го заборави тоа. Ќе го стави тоа во оној предел од мозокот наречен „памти за секој случај” и ќе го извлече токму во оној момент кога најмалку сте очекувале. Неверојатно е тоа како жените не можат да се сетат како да сменат гума, но кога станува збор за паметење на најмалите ситници им нема конкуренција. Тие знаат точно кога сте го кажале тоа, кои зборови сте ги употребиле и која била интонацијата.

 – Не ме сакаш!

Речиси и да не постои жена која не ја користи оваа финта.  Секогаш кога жената сака да го убеди мажот да направи нешто, оди со најподмолниот можен начин а тоа е набивање грижа на совест. Таа е несакана, отфрлена и запоставена жртва на која ѝ треба љубов! И некако магично, во тој момент како доказ за љубовта на мажот спрема неа ќе послужи неговата согласност да ги исполни сите нејзини каприци.

– Се плашиш!

Тука жената воопшто не се обидува да глуми жртва, но глуми дека се помирила со одлуката на мажот која е против нејзина волја. Во оваа ситуација жената е најсмирена на целиот свет, има индиферентен израз на лицето и со тивок тон на гласот вели: „Во ред е, знаев дека нема да го направиш тоа. Нормално е да се плашиш, не мораш да направиш ништо, сè е во ред.” А таа од друга страа мисли: „Е, па не е! Ништо не е во ред.“

Тогаш вие почнувате да се чувствувате како да сте ја разочарале. Егото ви проработува и се заинатувате дека ќе направите сè што е потребно за да ја докажете вашата сила и бестрашност!

– Да бев маж, јас ќе го направев тоа

Ова важи за жени кои сакаат да доминираат, но сепак живеат според некои општоприфатени норми и ги негуваат традиционалните одлики што им се придаваат на жените. Со овие зборови тие го чепкаат машкото его и ја доведуваат до прашање машкоста. А тоа не доаѓа предвид!

Во овој момент мажот си помислува: „Зар една обична жена да биде похрабра и посилна? Не му текнува дека станува збор за една обична хипотеза која воопшто не е остварлива во реалноста.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.