Како да го регулирате нискиот притисок?

Низок крвен притисок не претставува закана за здравјето, но поради намалување на протокот на крв, органите не се доволно снабдени со кислород и хранливи материи. Последиците се недостаток на енергија, вртоглавица, летаргија. За да бидат спречени или ублажи овие непријатни симптоми, експертите препорачуваат неколку практични совети кои може да се применуваат на дневна основа:

1. Ставете перница под главата. Кога одите во кревет, ставете неколку перници под главата. На овој начин ќе се избегне вртоглавица.

2. Завршете го туширањето со ладна вода. Наизменично туширање со топла и ладна вода влијае на зајакнување на крвните садови. Поради брзите промени во температурата тие потоа брзо се шират и собираат и на тој начин полесно се прилагодуваат на надворешните влијанија, како на пример спарното време. Туширањето секогаш завршете го со ладна вода. Ефектот ќе биде уште подобар ако со сува четка ја масирате кожата во насока на срцето.

3. Јадете помалку и почесто. Крвниот притисок е најнизок во текот на првиот час по оброкот. Тој паѓа бидејќи на органите за варење им е потребна крв за да ја вршат својата функција. Тоа ќе го подобрите ако јадете помали количини на храна.

4. Избегнувајте алкохол. Алкохолот има неколку негативни ефекти: го поттикнува исфрлањето течности од телото, го отежнува функционирањето на центарот за рамнотежа и го успорува работењето на срцето.

5 .Солете ја храната. Солта се врзува со течноста во организмот и на тој начин доаѓа до зголемување на притисокот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.