Како да го одзатнете носот на природен начин?
Ви претставуваме природни, евтини и здрави начини како да се ослободите од затнатиот нос и да го зајакнете имунитетот.
Етерично масло од ментол
Неколку капки од етеричното масло од ментол капнете на марамче. Ставете ја на нос и дишете длабоко десетина пати.
Лук
Чешне лук исечкајте го ситно и изедете го со парче леб со било кој оброк. Ако го поднесувате неговиот лут вкус лукот изгрицкајте го и вдишете длабоко десетина пати.
Јаболков оцет
Зовријте половина литар вода, па во неа додадете три лажици јаболков оцет. Наведнете ја главата над лончето, покријте се со крпа и длабоко вдишувајте ја пареата.
Рен
Изрендајте малку рен и помешајте го со лажица мед. Мешавината ставете ја на јазикот и пред да ја голтнете вдишете преку нос десетина пати.
Ѓумбир
Сежиот ѓумбир изрендајте го во салата, сендвич или некое друго јадење. Ако ви е вкусот преинтензивен, помешајте го со лажица мед. Ставете во уста и вдишете преку нос десетина пати.
Корен од слез
Коренот од слез исечкајте го на парчиња и ставете го во литар топла вода. Оставете да отстои околу половина час, а потоа проварете ја водата. Наведнете ја главата над лончето, покријте ја со крпа и инхалирајте.