Како да го намалите ризикот од појава на рак на дојка?

196

Само една чаша алкохол дневно е доволно да го зголеми ризикот од рак на дојка, стои во најновиот сеопфатен извештај објавен вчера. Активното вежбање, од друга страна, го намалува ризикот, и кај младите жени и кај жените во и по менопауза.

Американскиот институт за истражување на рак и Светскиот фонд за истражување на рак го објавија заедничкиот извештај во кој се опфатени податоци за 12 милиони жени и 260.000 случаи на рак на дојка од речиси 120 истражувања.

„Доказите се јасни: редовната физичка активност, одржувањето на здрав животен стил и намалувањето (или целосно исклучување) на алкохолот, се чекори за превенција и намалување на ризикот кај жените“, вели Ен Мектирнер, главен истражувач и експерт за превенција од рак.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.