Како да го намалите апетитот и да се ослободите од масните наслаги?
ВАРЕН КОМПИР
Варениот компир (во кора) секако треба да биде почесто на вашето мени. Со овој начин на готвење на компирот ќе добиете супер намирница, која истовремено е богата со нутриционистички состојки и сиромашна со калории, која ќе ве задржи сити.
МАСНОТИИ
Не треба целосно да ги исфрлите маснотиите од исхраната бидејќи ниту една диета не е добра доколку некоја група намирници целосно се елиминара.
Парче месо, секако, повеќе ќе ве засити од кое било овошје или зеленчук, а покрај тоа е и здрава намирница (доколку внимавате на кој начин ја готвите).
ВЕЖБАЊЕ
Можеби ви звучи чудно, но вежбањето може да го намали апетитот. На почеток ќе предизвика засилен глад, но кога добро ќе испотите, ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја намалите желбата за храна.
ГРЕЈП
Ова чудесно овошје ги регулира маснотиите и нивото на шеќерот во крвта, а истражувањата покажуваат дека лице кое при секој оброк јаде половина грејпфрут или пие свежо цеден сок просечно губи 2 килограми во три месеци.