Како да го исчистите овошјето и зеленчукот од пестициди?
Ако не сте во состојба да купувате органски зеленчук и овошје, еве неколку совети како да ги отстраните вишокот остатоци и пестициди.
Решението е сода бикарбона
Лиснатиот зеленчук (спанаќ и блитва мора темелно да бидат исчистени како и се што расте на земја како што се и јагодите. Се препорачува јагодите и лиснатиот зеленчук да седат во вода во која ќе додадете лажица сода бикарбона дваесет минути до половина час. Дури и ако се работи за органски зеленчук, на овој начин ќе бидете сигурни дека нема скриени мравки, црви или други инсекти. По потопувањето , зеленчукот и јагодите мора да бидат добро измиени.
Оцет и сол
Овој метод е добар за зеленчукот со корења како компири, цвекло, моркови, магдонос … Во една чаша вода, додадете ¼ чаша оцет и една лажица сол за јадење. Оставете го зеленчукот да стои 20 минути до половина час, а потоа добро измијте го.
Домашен анти-пестициден спреј
Овој спреј е добар за овошјето и зеленчукот со кора како јаболка, круши, домати … Во една чаша вода додадете една лажица оцет и сок од еден лимон. Истурете го растворот во распрскувач протресете и попрскајте. Оставете го зеленчукот и овошјето да отстојат неколку минути а потоа измијте го под млаз вода.