Како да го исчистите домот после прележана настинка?

Микробиологот и имунолог Џејсон Тетро, објаснува дека чистењето и дезинфекцијата на домот е работа која треба да ја правите додека сте болни, не само кога ќе ви биде подобро.

Всушност, тој објаснува дека вирусот грип може да се рашири на 60 отсто од површината на вашиот, кога сте болни.

„Кога станува збор за чистење, секој предмет кој е допрен може да биде ризичен фактор за ширење на вируси. Имајќи во предвид дека вирусот грип може да преживее од неколку часа до неколку дена, целото тоа станува полошо“, вели познатиот микробиолог.

Дури и ако сте имале обична настинка, Тетро советува како да го дезинфицирате вашиот дом.

Најпрво чистете ги работите кои најмногу сте ги допирале

Во зависност од вашите навики, прво ги поминувате работите кои најмногу сте ги допирале, како што се делови од компјутер, врата од фрижидер и соба, телефон и така натаму.

Тетро има одличен совет да ви го олесни изборот на предмети: „Поминете низ својот дом, исто како сега да сте влегле од надвор. Обратете внимание на она што прво ќе го допрете, очигледно тоа ќе бидат кваки, врати, прозорци“, вели тој.

Како да ја исчистете површината?

Сега кога сте одредиле што треба да чистите, се може да оди многу полесно. Што се однесува до методите, Џејсон вели дека негов омилен начин е дезинфекција на пареа.

„Ако ја користете топлината да го спречите ширењето на вируси, тогаш нема шанси вирусот повторно да дојде до телото“, вели Џејсон.

Едноставно со помош на пареа исчистите ги сите површини, а кога станува збор за електронските уреди најдобро би било да користите дезинфекциски марамчиња.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.