Како да ги ублажите симптомите на сончаница?

Сончаницата е еден облик на топлотен удар, а настанува како резултат на директно изложување на главата и тилот на сонце.

Симптомите се покачена телесна температура (до 42 степен), црвена кожа на лицето, забрзано работење на срцето и краток и забрзан здив. Во полесните случаи се јав ува главоболка, проблеми со видор, вртоглавица и поспаност, а ако овие смптоми се игнорираат, со понатамошно изложување на сонце следува омалаксаност, зуење во ушите, проширени зеници и на крај кома и смрт.

Кај сончаницата поради силните топлотни бранови доаѓа до прегревање, па организмот испраќа повеќе крв под кожата и во мозокот обидувајќи се да се избори со петераната температура од околината. Тогаш доаѓа до промена во крвниот притисок затоа што срцето работи забрзано, а во потешките случаи доа ѓа д набабрување на мозокот поради преголемото количество крв што се обидува да го олади.

Кај сончаницата е мошне важно да се реагира брзо. Првата помош се ладни облоги, престој во студена и затемнета просторија, а ако дојде до несвестица треба да се почека итната помош, а заблениот да се став и да лежи настрана и да го ослободите од вишокт облека и да го ставите под студен туш, но водата не стреба да биде ледена.

За заздравување ќе бидат потребни неклку дена, па важно е да не се излегува на сонце, да избирате храна што лесно се вари, а се препорачува да се зема храна што б рзо и ефикасно ќе ги надополнат течностите и електролититите. Тука спаѓаат сезонското вошје и зеленчук, пред се лубеница, диња и краставица.

На следната страница прочитајте кои се петте продукти што треба да ги консумирате за да ги намалите симптомите на сончаница…

Лубеница

Клуот е да се изберат продукти и оброци што се богати со течност и лесни, како лубеницата. Како што се смируваат симптомите, воведете медитеранска исхрана.

Банана

Електролитите се надокнадуваат со послена храна. Добар избор е и супата, без разлика дали се работи за супа од зеленчук или за пилешка, а бананата ќе го надополни калиумот.

Без кофеин

Кофеинските и алкохолни пијалаци никако не се препрачуваат затоа што предизвикуваат понатамошна дехидрација. И шеќерот во пијалците ја извлекува водата од организмот за да се разгради.

Студени облоги

Личноста што е погодена од сончаница треба да ја ставите во студена, но не во мраз студена вода, или да ја завиткате во ладни крпи. Сместете ја во студена просторија.

Изотоник

Помешајте од 3 до 40 грама багремов или ливадски мед, сок од половина или од еден помал лимо н и додадете четвртина лажичка сол и 0,5 литри вода. Оладете го пијалакот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.