Како да ги решите камењата во бубрезите на природен начин

155

Повеќето бубрежни камења можат да поминат низ уринарниот тракт во рок од 48 часа, без никакви проблеми, со пиење на големи количини на течности. Меѓутоа, во случај на еден поголем камен или неколку помали, може да биде многу болно и непријатно, за што мора да се оди на лекар.

Но, од камења во бубрезите може да се решите и на природен начин, а еден од најуспешните домашни лекови лежи во просото, кое за медицински цели се користи од многу одамна.

Просото може да ги разгради камењата, песокот и талогот во бубрезите и во мочниот меур и да ги исчисти од отрови.

Напиток против камен во бубрег

Состојки:
– 200 грама просо
– 2 литри вода
– тенџере од 3 литри
– тегла со капак

Постапка:

1. Навечер, пред спиење исплакнете го просото во топла вода и оставете го така да отстои преку ноќ.

2. Утрото, просото ставете го во тенџерето

3. Зовријте 2 литри вода и се додајте во тенџерето

4. Ставете капак и оставете да отстои цел ден.

5. Вечерта или следното утро, промешајте и исцедете ја течноста во тегла, која на крај ќе ја затворите.

6. Течноста пијте ја секој ден 10 до 15 дена во неограничени количини (барем една чаша на ден).

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.