Како да ги намалите болките за време на месечниот циклус?

Менструација е периодично отфрлање на секрециски променетиот ендометриум, подготвен да го прифати оплоденото јајце.

Ендометриум е слојот од матката во кој се сместуваат оплодените јајце клетки. Ментруацијата отфрла околу две третини од функционалниот слој на ендометриумот.

Тој се исфрла околу третиот ден од менструацијата, но веќе 36 часа по почетокот на крварењето започнува процесот на регенерација на слузницата на матката.

Наведениот процес може да предизвика создавање на притисок на крвните садови во пределот на матката, што го ограничува или намалува доводот на кислород во околните мускули, поради што се јавува болка или „бодење“.

Обидете се да ги ублажите болките на природен начин

Важно е да знаете дека ако грчевите се интензивни и се посилни со тек на време, потребно е да се обратите на лекар. Постојат сериозни причинители на болка за време на месечниот циклус како што се инфекции, миоми или ендометриоза (здебелување на мускулите на матката), кои треба да се лекуваат за болките да престанат.

Фармацефтските средства против болки кои се препорачуваат за време на месечниот циклус обично се препарати кои содржат супстанци како парацетамол, ибопрофен, или напроксен.

Можете да пробате и различни чаеви како камилица или кантарион, кои ги намалуваат менструалните грчеви. Топло кебе или купка исто така помагаат бидејќи топлината ги опушта мускулите и ја намалува болката. Корисни можат да бидат и вежбите за опуштање, јога или вежби за дишење кои ги опуштаат мускулите и ја подобруваат циркулацијата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.