Како да доживеете стотка?

184

Американските експерти спровеле истражување на гените на 800 стогодишници и 5.400 деведесетгодишници за да откријат кои гени се клучот на нивната долговечност, објави „текст.мк“’.  Како што пренесува „Nationalgeographic.rs“, научниците од Универзитетот „Стенфорд“ откриле дека за темпото на стареење се многу важни четири гени: ЦДКН2Б кој има важна улога во клеточната делба, АБО кој се однесува на типот на крвна група, АПОЕ кој влијае на склоноста на организмот да заболи од Алцхајмерова болест, и  СХ2Б3 кој го продолжува животот на луѓето и винските мушички.
Овие експерти за потребите на својата студија развиле статистички метод „игвас“ кој подразбира употреба на информации за заболувања поврзани со стареењето на телото кои се регистрирани во опсежни научни истражувања.
Почнавме да ја откриваме мистеријата на тоа поради што некои луѓе стареат „поуспешно“ од просекот – истакнал Стјуарт Ким, професор на Одделението за биологија и генетика на Универзитетот „Стенфорд“.
Тие во ова истражување пронајдоа осум гени кои се поврзани со долговечноста, а потоа во ново истражување, со анализа на генетската состојба на 1000 стогодишници го потврдија значењето на четири од тие осум гени. Како што објаснија, утврдиле дека одредени варијации на наброените гени почесто се јавуваат кај лица кои доживуваат сто години отколку во контролната група. Тоа значи дека во групата на стогодишници имало и повеќе лица со нулта крвна група, а претходните истражувања покажале дека лицата со таа крвна група имаат понизок ризик да заболат од болести на срцето и од канцер и имаат понизок холестерол.
Сепак, Ким верува дека постојат уште гени кои влијаат на животниот век.
-Се надевам дека нашата студија ќе ги инспирира луѓето да продолжат да трагаат по гени кои влијаат на долговечноста – рекол тој.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.