Како бојата на косата да ви трае подолго?

232
За бојата да ви трае подолго, а со тоа и косата да ви изгледа поубаво, следете ги овие неколку совети:
Избегнувајте миење со многу топла вода
Топлата вода не само што ја суши кожата, туку и ја оштетува бојата на косата, па таа побрзо ќе избледе. Најдобро е да ја миете косата со млака вода за да постигнете најдобри резултати.
Заштитете ја косата во летниот период
Познато е дека сонцето ја оштетува косата, а може и да ја осветли, па бојата освен што ќе трае пократко, може и да се промени. Морската вода како и хлорот во водата во базенот исто така придонесуваат за краткотрајност на бојата, па затоа заштитете ја косата со правилен третман кога сте на одмор и откако ќе се вратите.
Не претерувајте со фенирање, пеглање и виткање на косата
Неколку денови по бојадисувањето, избегнувајте често да ја фенирате, пеглате или виткате косата. Топлината од фенот, пеглата, фигарото и другите уреди за стилизирање го оштетуваат влакното и ја горат косата, па бојата веднаш ќе почне да избледува.
Користете кокосово масло
Еднаш неделно, нанесете малку кокосово масло на косата, завиткајте ја со топла крпа и останете така половина час, па потоа измијте ја косата. Кокосовото масло освен што го зголемува растот на косата и ја прави бујна и здрава, поволно делува и на бојата, односно бојата трае подолго.
Користете квалитетен чешел
Чешлањето на косата со квалитетен чешел или четка го подобрува растот, ја прави косата посјајна, а со тоа и бојата изгледа поубаво и подолго трае бидејќи правилно се распределуваат природните масла на скалпот.
Не претерувајте со миење
Ако ја бојадисувате косата, не треба да ја миете многу често, особено не секој ден. Исто така, важно е да користите шампон наменет за бојадисана коса.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.