Кај пушачите коските побавно заздравуваат!

191

Според најново истражување спроведено во Велика Британија, фрактурите побавно зараснуваат кај пушачите. Научниците од Универзитетот Линколн анализирале примероци од матични клетки задолжени за заздравување на коските, a примероците биле земени од 50 пушачи и непушачи кои имале фрактури на нозете.

Истражувањето покажало дека матичните клетки на непушачите се значително поквалитетни и поактивни, а нивната распределба многу побрза.

Наспроти тоа, токсичните ефекти на димот од цигарите поттикнуваат активност на молекулите кои имаат негативно влијание на клучните процеси во матичните клетки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.