Кај колку жени во Македонија е откриен рак на матката преку скрининг програмата?

Четири кумановки и две жени од Тетово и Гостивар дознале дека имаат рак на грло на матка откако се јавиле на поканата за бесплатен скриниг. Болеста им била откриена во почетна фаза и ги испратиле на Клиника за гинекологија за хируршки интервенции. Со скрининг програмата на Министерството за здравство, лани од 29 000 прегледани пациентки, кај 12 проценти биле утврдени одредени промени и морале да направат дополнителни испитувања.
-Скринингот за рано откривање на рак на грло на матка е неопходен бидејќи на тој начин колку порано с е открие оваа болест, толку повеќе дава задоволителни резултати, вели Сања Саздовска советник во Министерство за здравство.
Институтот за јавно здравје годишно регистрира од од 200 до 250 нови случаи со рак на грло на матка а речиси една третина од нив завршуваат со смртен исход. И покрај ваквата статистика, жените немаат навика или пак се срамат да одат на гинеколог. Лани дури 30 проценти од поканетите не направиле скрининг.
-Мора да работиме на зголемување на свесноста да се промени менталитетот и да одат да се јавуваат на скриниг, свесноста мора да се зголеми и тоа во иднина да не биде табу, вели Саздовска.
Експертите велат за да се зголеми опфатот на бесплатниот скриниг, неоходна е поголема соработка со матичните гинеколози.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, лани дури 88 проценти од прилепчанките не се јавиле на поканите за бесплатен скрининг за рак на грло на матка. Ист толкав процент е регистриран и кај жените во Тетово.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.