Кафето штити од кариес!
Резултатите од една нова студија покажуваат дека кафето го намалува ризикот за појава на кариес. Студијата покажува дека кафето ги уништува бактериите кои влијаат на создавање каменец на забите, кој може да води кон појава на кариес.
Но, сепак, оваа вест не е добра за сите вљубеници во кафето. Кај оние што, на пример, го преферираат кафето лате, споменатиот позитивен ефект изостанува доколку кафето го пијат со додавање млеко.
Студијата е изготвена од страна на стручен тим под водство на професор Андреа Антонио при Универзитетот во Рио де Жанеиро, Бразил, пишува шведскиот весник „Експресен“.