Кафето лекува многу болести!
Кофеинот содржи многу антиоксиданси.
Истражувањата потврдуваат дека кафето ја елиминира болката во мускулите, предизвикана од тежок, долготраен стрес. Во ваквите ситуации, кафето може да делува поефикасно од аспиринот.
Според ново истражување, 4-5 шолји кафе на ден, го прават телото помалку чувствително на различни кардиоваскуларни болести.
Оние луѓе кои често пијат кафе, не треба да се грижат дека ќе ја изгубат нивната меморија на стари години.
Кафето исто така, ја подобрува и краткотрајната меморија. Научниците сугерираат дека најверојатно тоа е резултат на мозочната стимулација, која тоа ја предизвикува.
Кафето не доведува до хипертензија (зголемување на крвниот притисок во мирување). За оние пак, кои имаат низок крвен притисок, кафето е добро бидејќи им го качува.
Кафето во одредени околности е корисно и за децата. Во 1999 година, официјално беше одобрена кофеинската инјекција, која го стимулира дишењето кај бебињата.
Пиењето кафе може да го намали бројот на вашите посети на забар. Но, ова повеќе се однесува на пиење кафе без млеко, шеќер и други додатоци. Печените зрна кафе ја имаат способноста да ја убијат бактеријата „Streptococcus mutans“, која е една од причините за појава на кариес на забите.