Кафето може да биде корисно – Зошто треба да го пиете секој ден?

1,832

Kафето изобилува со антиоксиданси кои се многу значајни за одржување на оптимално здравје.
И покрај тоа што овошјето и зеленчукот се богати со антиоксиданси, утврдено дека човековиот организам највеќе ги апсорбира овие корисни состојки токму од кафето.

Помирисајте кафе и намалете го стресот

Ако патите од несоница и често сте под стрес поради тоа, доволно е само да помирисате кафе. Земете малку кафе во вашата соба и пред спиење релаксирајте се со прекрасната арома. Пробајте, ќе видете дека делува.

Кафето може да ги намали симптомите од Паркинсонова болест

Во 2012 година ScienceDaily обајви дека пиењето на кафе може да му помогне при движење на луѓето кои имаат Паркинсовова болест. Авторот на оваа студија Роналд Постума вели: „Истражувањата покажаа дека луѓето кои го користат кофеинот имаат помали шанси за развој на Паркинсонова болест, но ова е една од првите студии кај луѓето кои покажале дека кофеиниот може да им помогне при движење на луѓето кои веќе го имаат ова заболување“.

Кафето е одлично за црниот дроб (особено ако пиете алкохол)

Со една студија во која беа опфатени 125 000 луѓе над 22 години е утврдено дека лицата кои пиеле најмалку една чаша кафе секој ден имале за 20% помалку шанси да добијат цироза на црниот дроб – автоимуно заболување кое е предизвикано од прекумерна консумација на алкохол која води до оштетување на црниот дроб и појава на канцер. Исто така, други истражувања кои ја проучувале поврзаноста на кафето и влијанието врз црниот дроб, ги потврдиле корисните придобивки за превенција на замастен црн дроб кај лица кои не консумираат алкохол.

Кафето може да ве направи повеќе продуктивни

Вообичаено пиете кафе наутро, за да се расоните, нели? Кафето не само што ве држи будни, тоа ја зголемува и вашата продуктивност. CCN објавија дека кафето му помага на мозокот да функционира поефикасно и попаметно.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.