Векови наназад е традиција да се крши леб со паричка за Бадник, а оној кај кој ќе се падне ќе има среќа, здравје и бериќетна година.
Секогаш парчето леб кое било наменето за вас треба да го изедете, а ако ви се падне паричката треба да постапите вака:Никако паричката не треба да се фрли или заборави, туку да се стави до икона и да се чува до наредната година.
Рибата пак има ритуално значење, чие потекно не е толку познато, но кое во средниот век се поврзувало за симболот на Исус Христос.Сепак, на Бадниковата вечер симболична улога нема само храната, туку и пијалокот. Еден од обичаите е ракијата и црвеното вино.
Знаеме дека виното ја симболизира крвта, и овој обичај е многу јасен, посебно доколку се додаде фактот дека вино од маса не смее да се истури.За време на јадењето не станува никој, домашните се чекаат еден со друг, и дури откако заврши обредот, се станува, и тоа е важно во текот на овој период семејството да биде на куп и сложно.
На тој начин Бадник , како што кажавме е потсетување на тоа колку е важно семејството и слогата во него.