Каде грешите кога мислите дека апчињата не ви делуваат?

169

Пред да заклучите дека апчињата „не ви делуваат“ или „немаат никакво дејство“, проверете да не правите некоја од овие грешки.

1. Ги пиете со било каков пијалак

Честопати, апчињата ги пиеме со она што ќе ни дојде при рака, без да знаеме дека одредени течности заради составот го ослабуваат ефектот на апчето.

Тоа се однесува најчесто на кафето и газираните пијалаци, чаевите, млекото и сокот од грејпфрут.

Доколку инструкциите не велат поинаку, апчето пијте го со вода, па малку подоцна почестете се со чаша сок или млеко.

2. Погрешно се храните додека терапијата трае

Храната која не се препорачува, бидејќи може да ги отстрани важните компоненти на лекарствата од телото:

  • Овесни снегулки
  • Зелка
  • Шумско овошје
  • Зелени плодови
  • Тиква
  • Мешунки
  • Печурки
  • Производи од пченично брашно

Запомнете дека одредени лекарства може да си побаруваат посебен тип на исхрана, затоа внимателно читајте го упатството.

3. Не се држите до распоредот

Распоредот е многу важен, посебно ако се работи за антибиотици. Доколку лесно заборавате, поставете аларм или стикери потсетници.

4. Правите коктел од апчиња

Ако докторот ви препишал неколку различни апчиња и витамини, тоа не значи дека треба да ги голтнете сите одеднаш. Препорачливо е секое апче да го пиете поединечно, со растојание од 10 минути.

5. Прекин штом симптомите се намалат

Ако и вие ја имате оваа лоша навика, да ги прекинувате терапиите штом почувствувате подобрување, време е да се одвикнете. Пијте ги апчињата толку долго колку што ви е препишано. Во спротивно, ризикувате болеста или болката да се врати и повтори.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.