Качувајте се по скали за подобра концентрација
Доколку сте уморни и тешко ви е да се концентрирате, наместо да пиете кафе, подобро е десетина минути да се качувате по скали, покажа неодамнешното истражување на американски научници.
Во истражувањето учествувале 18 млади жени на возраст од 18 до 23 години кои имаат навика навечер да спијат помалку од 6,5 часови и консумираат мала количина на кофеин.
Едната група во текот на денот земала една капсула од 50 милиграми кофеин, додека другата десетина минути со умерено темпо се качувала по скали.