Јадете сладолед во зима и нема да имате болки во грлото!

Распространето е мислењето дека сладоледот е причинител на воспалението на грлото. Иако многу истражувања го покажале и докажале спротивното, дека јадењето на сладолед е поблаготворно во зима отколку во лето, родителите и понатаму избегнуваат на децата да им го купуваат овој деликатес во текот на студените месеци. Еве зошто сладоледот е добар за вас и за вашите деца во текот на зимата.

Во најголемиот број слуачи воспалението на грлото е предизвикано од вирус или од бактерии. Како да го лекувате?

Покрај препорачаната терапија од страна на лекарот, исхраната мора да изобилува со витаминот Ц, новите истражувања покажуваат дека одредени производи ја ублажуваат болката и чувството на иритација во грлото – меѓу тие производи е и сладоледот. Консумирањето на сладоледот има повеќекратно позитивно дејство – дејствува антивоспалително, студеното го спречува размножувањето на микроорганизмите и бактериите во усната празнина, ја намалува болната чувствителност на слузницата што се објаснува со локалното дејство на ладното, а се препорачува од истите причини и кај воспалението на крајниците, објаснуваат педијатрите.

Иако е застапено мислењето дека токму сладоледот е причинител за настинката, дека неговото консумирање може да го влоши воспалението, затнувањето на носот и да предизвика проблеми со дишните органи, науката го докажува спротивното, еден од начините на „домашното“ лекување е токму јадењето на ладни деликатеси, пред сѐ, сладолед и течности. За смирување на непријатното чувство и болка во грлото слободно можете да посегнете по сладоледот.

Коментари

коментари