Португалските научници предложуваат неколку совети како да се решите од несаканите килограми на здрав начин, без диета.
1.Полека џвакајте ја храната
Џвакањето го зголемува протокот на крвта во стомакот и бројот на потрошените калории додека јаде еден човек. Лицата кои јадат поспоро и јадат мали парчиња храна во просек јадат помалку од 100 калории, отколку од оние кои ја „голтаат“ храната.
2.Идентификувајте се дали сте навистина гладни секој пак кога ви се јаде
Потребно е да разбереме зошто чувстуваме глад. Кога сме нервозни пред важен состонок, треба да се запрашаме дали навистина сме гладни или пак со јадењето ќе ги нахраниме само нашите нерви.
3. Јадете само кога сте гледни
Португалските нутриционисти советуваат да се јаде само кога се чувстува глад. Нема потреба од три оброци дневно.
4. Интересирајте се од каде доаѓа храната
Треба да ве интересира од каде доаѓаат состојките во храната која ќе ја изедете, за нивното влијание на здравјето и нивното потекло и исправност.
5. Не се наградувајте со храна
„Емоционално јадење“ е „лизгав терен“ кој може да се избегне со свесно внесување храна. Можеби сте имале стресен ден на работа, но важно е да не баррате утеха во храната. Подобро купете цвеќе, одите на масажа, направете нешто што ќе ви го поправи расположението, без внесување калории.
6. Одвоите 30 минути за јадење
На телото му е потребно 20 минути да се почувстува сито и ако завршите со јадњето за пократок период, веројатно ќе се прејадете.
7. Пијте вода пред јадење
Една од главните работи кои ги мешаме со чувството на глад е дехридратација. Напијте се чаша вода, па ако уште чувстувате глад, тогаш јадете.