Јадете јаглехидрати за да ослабете!

Јадете намирници кои содржат резистентен скроб ако сакате да ослабете и да останете витки.

1.Јаглехидратите ве одржуваат сити

Резистентните јаглехидрати подолго ве одржуваат сити бидејќи се дигестираат поспоро од другиот вид на храна, па создаваат чувство на ситост и во стомакот и во мозокот.

2. Јаглехидратите го контролираат шеќерот во крвта и дијабетесот

Правилната комбинација на јаглехидрати и други намирници е најдобар начин за контролирање на шеќерот во крвта и дијабетесот. Во една студија, испитаниците кои консумирале диета богата со резистентен скроб го намалиле нивото на шеќер во крвта и инсулинот за 38 отсто. Јаглехидратите треба да се јадат во комбинација со влакна. Бидејќи поспоро се разградуваат, подолго го одржуваат чувството на ситост.

3. Јаглехидратите го топат масното ткиво на стомакот

Јаглехидратите ни помагаат побрзо да го изгубиме масното ткиво на стомакот, за разлика од другите видови храна, дури и ако консумирате ист број на калории. Редовната консумација на резистентен скроб исто така, го намалува трупањето на масни клетки и складирање на калории во облик на масно ткиво.

4. Јаглехидратите помагаат добро да се чувствуваме

Испитаниците од истражувањето кои ослабеле јадејќи јаглехидрати се чувствувале одлично, особено затоа што не морале да се одречат од цела група намирници за да изгубат вишок килограми, туку можеле да јадат балансирани оброци.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.