Јаделе торта и се затруле – Пет лица од Виница завршија во болница

Две деца и три возрасни лица од Виница завршија на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип по констатирано труење со храна.

Тие се пожалиле на болки во стомакот, мачнина и повраќање заради што побарале лекарска помош, а поради лошата здравствена состојба добиле инфузија и неопходни лекарства.

Како причина за труењето лицата го навеле консумирањето торти и колачи од слаткарски дуќан во Виница, на кој по извршениот инспекторски надзор му било издадено решение за забрана за работа.

Од Центарот за јавно здравје во Кочани потврдија дека по известувањето за случајот веднаш се земени примероци од слаткарските производи и од работните површини во дуќанот, а резултатите од испитувањата се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Од Штипската болница информираа дека по укажаната медицинска помош, сите затруени се со подобрена клиничка слика.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.