Измислено пенкало кое открива рак за 10 секунди!

159

Научници развија сонда со големина на пенкало која е способно во само 10 секунди да открие канцерогени клетки во ткивото и да им овозможи на хирурзите во реално време да утврдат дали се работи за тумор.

Остатоците од канцерогените ткива кои заостануваат во телото после хируршката интервенција носат опасност повторно да се појави болеста.

Засега на голем дел од лабораториите им се потребни неколку дена за да утврдат дали останале канцерогени клетки после операцијата.

Инструментот наречен MasSpec Pen овозможува извлекување на молекула вода од ткивото која понатаму се насочува кон спектрометар кој ги калкулира различните молекуларни маси во примерокот и утврдува присутност на канцерогени клетки.

После анализата на 253 примерока од здрави и канцерогени човечки ткива земени од бели дробови, јајници, жлезди и дојки, научниците успеале да утврдат молекуларен профил кој овозможува идентификација на присуство на рак со точност од 96%.

Тестирано на живи глувци, сондата успеала без грешки да открие присуство на канцерогени клетки без при тоа да го оштети ткивото од кое е земен примерокот.

„Новата технологија ни овозможува да биде многу попрецизни со тоа што знаеме точно кое ткиво да отстраниме, а кое да го оставиме.“, изјавил др. Џејмс Салибурк, раководител на одделот за ендокринолошка хирургија на Медицинскиот факултет Бејлор во Тексас.

Тимот од доктори се надева дека во 2018 година ќе може да ја тестира сондата за време на операција за отстранување на тумор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.