Избрканиот анестезиолог од КАРИЛ треба да врати 50 000 евра за специјализацијата што му ја платиле од ТОАРИЛУЦ!
Анестезиологот од Карил кој бил на породувањето во Санте Плус кога почина родилката од Кичево, треба да врати 50 000 евра на установата каде бил во работен однос, бидејќи му платиле дел од специјализацијата. Ова следува откако денеска директорот на ТОАРИЛУЦ го потпишал неговото отказно решение поради незаконскиот ангажман во приватната болница.
-Врз основа на договорот потпишан меѓу вработениот и ТОАРИЛУЦ, и врз основа на законите кои што биле на сила на времето кога бил потпишан договрот, вработениот треба да врати десеткратен износ од средствата кои институцијата ги има уплатено за неговата специјализација,, изјави за Сител директорот Илир Хасани.
Анестезиологот имал едногодишно работно искуство, а согласно договорот бил обврзан дека 10 години нема да ја напушти клиниката што финансирала дел од неговото образование. Сегашните, договори, пак, ги обврзуваат специјалистите 15 години да останат во истата установа. Лекарот има право на жалба, која, доколку биде одбиена ќе мора да ги врати парите за специјализација.
За неговиот колега од КАРИЛ кој го повикал на помош во приватната болница, се уште е во те дисциплинката постапка.
И додека за анестезиолозите има казни, здравствените власти се уште немаат официјална информација што се случувало пред 4 недели во Санте Плус и на патот до скопските клиники каде била префрлена 31 годишната жена.
Стенд –Комисијата формирана од Министерството за здравство, се уште го чека обдукцискиот извештај за родилката од Кичево која почина на породување со царски рез. По комплетирање на подаотците, извештаот ќе го достават до министерот за здравство кој треба да соопшти дали и какви пропусти имало во случајот.