Избегнувајте го овој протеин зошто предизвикува губење на помнењето!

167

Протеин што се акумулира во крвта веројатно е причина за губење на помнењето и создава потешкотии при учењето кај повозрасни лица, покажува истражувањето на американски научници, што создава можност за успешна борба против слабењето на когнитивните способности.

Научници од Универзитетот во Сан Франциско го идентификувале молекулот Б2М Бета-2 микроглобулин како елемент кој негативно влијае на когнитивните функции и нивната обнова кај повозрасните лица, се наведува во списанието „Нејчр Медисин“.

Концентрацијата на е Б2М зголемена во крвта кај повозрасните лица, а истиот ефект е утврден и кај лабораториски глувци.

Во едно од истражувањата вбризгани се дози на Б2М во крвта или директно во мозокот на млади глувци, а последицата била оштетување на функцијата за учење и помнење и намалување на процесот на обнова на невроните.

Меѓутоа, се чини дека делувањето на тие молекули не е трајно, бидејќи по 30 дена од вбризгувањето немало повеќе дефицит во учењето и помнењето, што зборува дека ефектите на протеинот на слабење на когнитивните функции не се неповратни, пишува „Нејчр“.

– Воодушевени сме со тие резултати, бидејќи покажуваат потенцијални начини когнитивните нарушувања да се свртат во друга насока, напиша еден од авторите на натписот Саул Виледа од Универзитетот во Сан Франциско во Калифорнија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.