Избегнувајте го овој додаток во сендвичите!
Иако додатоците прават плескавицата да биде повкусна, еден по секоја цена би требало да го избегнувате, а во прашање не е мајонезот ниту павлаката.
Всушност, станува збор за еден од здравите прилози кој секогаш се наоѓа во лепчињата – зелената салата.
Многу локали кои продаваат брза храна зелената салата ја чуваат по цел ден и многу ретко таа е од најдобар квалитет – а со самото тоа не го поседува препознатливиот вкус и сите витамини, тврди еден вработен во таков локал. Притоа, поради самата топлина на плескавицата, салатата воглавно брзо вене, така да не можете да знаете дали е свежа или не, можно е да добиете и труење доколку предолго била надвор изложена на бактерии и воздух.
Во случај да внимавате на линијата, е не на вкусот, најдобриот прилог кој можете да го ставите е кечапот. Тој е богат со шеќер и натриум и всушност не поседува нутритивни вредности, како што е случајот со зелената салата која често е со лош квалитет.