Избегнувајте да пиете вода од непроверени планински извори во Македонија!
Внимавајте од каде пиете вода кога сте жедни. Од фонтаните во градот може, но не и од чешми и извори во подножјата на планините. Последните анализи на водата земена од неколку места на Водно покажуваат дека не е безбедна за консумирање. Резултатите покажале дека се најдени бактерии кои можат да предизвикаат и сериозни здравствени проблеми.
– Може да има разни бактерии од кои дел можат да предизвикаат гастроинтестинални проблеми а некои од бактериите се уште поопасни за здравјето. Препорачуваме вода од такви места, особено селски чешми кои не се на водовод и во падините на планини односно каптирани извори да не ги користат, вели проф. Михаил Кочубовски од Институт за јавно здравје
Анализите од Институтот за јавно здравје покажале дека нема проблем со чешмите во градот кои се безбедни за пиење. Во топлите денови граѓаните можат слободно да се освежуваат.
-Фонтаните и чешмите кои се приклучени на градски водовод подлежат на секојдневна проверка на нивниот квалитет од претпријатијата кои стопанисуваат со нив. Центрите за јавно здравје ги контролираат селските чешми и изворите во подножјата на планините.